Stella McCartney

Модната дизајнерка Стела Мекартни претстави облека направена со употреба на кожна алтернатива, одгледана од мицелиум, што ја прави меѓу првите модни дизајнери кои биоматеријалот го претворија во облека што може да се носи.

Stella McCartney создава облека од „кожа„ од мицелиум, за да поттикне револуционерни промени во модната индустрија. Црниот комплет, составен од корсет и панталони, е изработен од рециклирани влакна, со панели од веганска кожа, од мицелиум наречена Mylo, како резултат на соработка на дизајнерската со американскиот производител Bolt Threads.

Stella McCartney

Лансирана уште во 2018 година, Mylo досега се користеше само за создавање помали модни додатоци, како прототип на McCarney торбата  Falabella, преставена на изложбата Fashioned From Nature, од V&A.

Минатата година повеќе големи модни куќи, вклучувајќи ги McCartney, Adidas, и Gucci, со матичната компанија Kering, формираа конзорциум и инвестираа за да го зголемат производството на мицелиј кожната алтернатива.

Како резултат на оваа соработка, материјалот сега може да се одгледува на парчиња што се доволно големи за да бидат обликувани во панталони, и доволно флексибилни за да се користат како облека.

„Материјалот што се користи во овие две облеки не само што претставува огромен чекор напред и во естетиката и во перформансите на биоматеријалите, туку, исто така, го означува почетокот на ширењето на Mylo материјалот за натамошно производство“, рече основачот на Bolt Threads, Dan Widmaier. „Ова е опиплив напредок што води кон големо производство каде што Mylo може да има значително, позитивно влијание врз нашата планета./М.М.

Stella McCartney

Stella McCartney

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.