Spicebomb Infrared - Viktor&Rolf

Spicebomb Infrared со моментална мирисна детонација, ширум ја отвора вратата на летото на Viktor&Rolf  

Мирисните бомби на Viktor&Rolf, од серијалот Spicebomb, се претставени како оружје за масовно заведување.

Spicebomb Infrared – Viktor&Rolf

Spicebomb мирисната линија на авангардното холандско дуо Viktor&Rolf  è побогата за уште еден опасен парфем. Во оригинално пакување, карактеристично за Spicebomb, доаѓа најновиот машки мирис Spicebomb Infrared, што ќе ги вжешти високите летни температури.

Spicebomb Infrared е интензивно мирисно искуство што комбинира јаки и донекаде егзотични зачини како што се чили, Хабанеро, како и со ноти од овошје и цимет. За создавачите новата парфемска бомба е експлозивен концентрат на мажевна сензуалност.

Spicebomb Infrared – Viktor&Rolf

Viktor&Rolf со Spicebomb Infrared повторно поништува конвенција и открива мирис што не прави отстапки, со експлозивниот концентрат на машката сензуалност.

Мирисната експлозија е неизбежна!

На Spicebomb серијата на машки парфеми, во која досега беа Spicebomb Night Vision, Spicebomb Eau de Toilette, како и Eau de Parfum Extreme, деновиве им се придружува Spicebomb Infrared./M.M.

Spicebomb Infrared – Viktor&Rolf

Spicebomb Infrared – Viktor&Rolf

Spicebomb Infrared – Viktor&Rolf

Убавина вести

Аdvent Сalendars

Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е ...

You may also like

Comments are closed.