Од денес до 23 јануари на аукција се 37 модели на славните американски дизајнери. Sotheby’s и Советот на модни дизајнери на Америка ја претставија колекцијата: CFDA: Defining American Style. Целиот приход од продажбата ќе биде наменет за CFDA Фондацијата, за стипендии и менторство за идни дизајнери на американската мода.
Високо курираната колекција со парчиња од изминатите неколку децении, делува како временска капсула на најдоброто од американската мода, создадено од легендарните модни дизајнери како Ralph Rucci, Ralph Lauren, Donna Karan, Calvin Klein, Altuzarra и Proenza Schouler.
Од CFDA истакнуваат дека се работи за модели кои ги истакнуваат славните моменти во американската мода, создадени од етаблирани дизајнери како и на оние ново-потврдени во индустријата. Колекцијата ја слави неспоредливата уметност и некои неборавни моменти во модата во изминатите неколку децении.
Облеката што е на аукција ја носеле, меѓу другите и Taylor Swift, Kate Moss, Lady Gaga, Jennifer Lopez, Nicole Kidman, Paris Hilton и Margot Robbie.
Соработката на CFDA со Sotheby’s беше природна синергија, вели извршниот директор на CFDA, Steven Kolb. Аукциските артикли се значајни парчиња од американската модна историја, по нивниот асортиман и изработката, вели тој. Посебна благодарност до дизајнерите-учесници како и до колекционерите кои донираа на аукцијата.
Аукцијата ќе се одржи заедно со првото издание на продажната изложбата Visions of America на која ќе биде представен досега невиден избор на американска изработка од приватни колекции и институции поврзани со модата./М.М.