Во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро” минатава недела одржан Шоурум за одржлива, еколошка мода и дизајн
Најновото издание на изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” беше приказ на работата на современите македонски дизајнери, со цел да се истакнат нивните практитки со кои се придонесува кон заштита на нашата средина и за подобра иднина.
Претставени се најновите колекции на нашите дизајнери, со производи препознатливи по рачната изработка и трансформацијата на македонската занаетчиска традиција во современ производ.
Спротивставувајќи се на „брзата мода”, изложбата исто така имаше за цел да ја едуцира и да ги поддржи настојувањата за свесно и одговорно купување на облеката. Објавен е и отворен повик од движењето „slow fashion“ за бавно, квалитетно и етичко создавање и конзумирање на модата.
Брендовите и дизајнерите кои учествуваа на изложбата: „Лудус”, Марта Пејоска, „My Precious”, „Армма”, Ксенија Котев и Нина Нине беа одбрани од стручното жири
Заложбите од отворениот повик се:
– Поддржете ги малите еколошки локални бизниси
– Кажете НЕ на „брзата мода“
– Купувајте помалку, избирајте внимателно.