Новата алатка за вештачка интелигенција, наречена Shopping Muse, целосно се прилагодува на клиентот благодарение на технологијата Dynamic Yield.
Според соопштението, Mastercard ја претстави Shopping Muse како нова персонализирана алатка базирана на вештачка интелигенција, која целосно го менува начинот на кој потрошувачите ги бараат производите во онлајн понудата на трговците на мало.


Shopping Muse е новиот помошник при купување, со вештачка интелигенција, со кој се менува начинот на пребарување на производите низ електронските продавници ширум светот.
Shopping Muse е дело на Dynamic Yield, компанија која е дел од Mastercard: со него се бараат трендови, се споредува облека од различни брендови, се пребарува едноставно и со неформални фрази. Со време се креираат и препораки кои одговараат на профилот на оној што го користи.


Покрај пребарување по клучни зборови, Shopping Muse им овозможува на потрошувачите да го најдат бараниот производ дури и кога незнаат точно да го опишат. Користејќи интегрирани алатки за препознавање слики, продавачите можат да дадат препораки за релевантни производи врз основа на сличноста во изгледот, дури и ако недостасуваат соодветните технички ознаки.
Според белешките на брендот, во ерата на брзорастечки трендови и алгоритми за „длабоко учење“, маркетерите мора да се прилагодат на променливите барања и зголемените очекувања на потрошувачите, за да ги надминат краткорочните трендови. Во овие процеси прифаќањето на технологијата е од клучно значење.
Деталите се на https://www.dynamicyield.com/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.