Соочени со бројни проблеми и предизвици, производителите на текстил ширум светот со големо внимание го следат Shein- новиот кинески бренд од чиј што раст и успех застанува здивот. Не изостануваат ниту предупредувањата: фустаните од пет долари и фармерки од десет, носат практично несогледливи последици за индустријата.

Кинескиот Shein ги остави занемени водечките светски модни куќи и продавачи, со бројка од 100 милијарди американски долари, како добиена проценка за вкупната вредност на брендот, врз основа на севкупноста на своето дејствување и работење.
Новата, силна компанија за малопродажба, според Bloomberg News веќе е во преговори со инвеститорите, вклучително и со General Atlantic, за собирање на приближно една милијарда американски долари.


Се истакнува и дека големите бројки не се особено чудни, односно дека Shein може, според Morgan Stanley, да има остварено приход од 20 милијарди долари во 2022 година, што е доволно за да стане четврти најголем продавач на облека во светот.


Сето е знак дека во кинеската трговија со облека, за која долго време се сметаше дека губи терен од ривалите во Бангладеш, Виетнам, па дури и во Европа, сè уште има доволно живот. Доказ е, исто така, дека брзата мода е далеку од забавување. Таа се движи со брзината со која може да се произведува облека, како и предвидувањето на вкусовите на потрошувачите, пред тие воопшто да ги знаат.
Zara од Inditex SA успеа да направи револуција во модата во 2000-тите години, намалувајќи го времето за набавка на новата облека од концептуални дизајни до продавници на мало од месеци, на недели. Shein ги носи работите чекор понатаму, а циклусот на создавањето, во најдобар случај, трае само неколку дена. Тоа е главно резултат на мали нарачки и користење локални ресурси, продавачи и производители. Повеќето од нив, според Bloomberg, се на пет часа возење од неговото седиште во Гуангжу. Мнозинството се во едно предградие.
Она што е уникатно за Shein не е неговиот синџир на снабдување, туку како традиционалниот стил на деловно работење го спојува со засилено темпо на истражување на пазарот и стекнување клиенти. Основачот Chris Xu има силна заднина во оптимизацијата на пребарувачите – за достигнување на резултатите на врвот на рангирањето на Google – и тие се очигледни во огромното присуство на Shein на социјалните мрежи. Таа станува и најпосетуваната модна веб-страница на глобално ниво, а пребарувањата на Google за брендот неодамна ги надминаа оние за H&M на Hennes & Mauritz AB и на Zara.
Во својот метеорски раст, Shein привлече и бројни критики, а како одговор на обвинувањата за брзата мода, го содаде својот софистициран бренд MOTF. Ги користи и даночните бенефиции со кои Кина да ги поддржи извозните индустрии, а бизнисот добива предност.
Затоа цените се неверојатно ниски: блузите почнуваат од три долари, чевлите од пет долари, а фармерките од десет долари.
Shein стана најсимнуваната апликација за купување на iOS и Android во САД, а Amazon сега е на второто место./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.