Shaleva, дизајнерскиот бренд што нуди модерни, тренди и уникатни креации, на 20 овој месец отвора свој поп-ап бутик во Париз. Бутикот ќе биде отворен до петти април, на 5 rue du Grand Prieuré, со работно време од 17 до 21 часот.

Shaleva е бренд на македонската дизајнерката Душица Шалева Петит, која живее и твори во Париз и досега има реализирано повеќе преставувања на свои колекции во Франција, како и на една модна ревија во Скопје.

Современите и оригинални креации на Shaleva  ја отелотворуваат француската изработка, а стилот на брендот, според белешките на сајтот,  им овозможува на жените и на мажите да се чувствуваат уникатно, привилегирано и исклучително./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.