Seoul Fashion Week, посеветена на модните колекции за есен/зима 2021 година, одржана изминатиов викенд, беше пренесувана во живо. Глобалната публика имаше можности да ги проследни модните ревии на водечките брендови реализирани овој пат на нови, возбудливи локации. Имено, овој пат, националните музеи, паркови и споменици обезбедија нови и возбудливи локации за ревиите и промо настаните. Поради глобалната пандемија и отсуството на туристите, модните брендови имаа пристап до возбудливи и уникатни локации. https://www.youtube.com/watch?v=dynUHIHN10g

Националните музеи и паркови за прв пат беа користени како простори за модни ревии. Дали така ќе биде и во октомври годинава, на наредната модна недела, или, крај пистите ќе има и публика, останува да се види.

Снимањето на настанот во живо се одвиваше под строг карантин, без публика. Организаторите направија темелни подготовки, со заштита и осигурување на артефактите и безбедносни мерки за заштита против Ковид-19. Kim Eui-Seung, заменик-градоначалник за економски политики, рече дека Seoul Metropolitan Government ја одржува Seoul Fashion Week како еден од нејзините најголеми проекти за промовирање на домашната модна индустрија. Оваа година, особено, се обидовме да ги поврземе модата и градот, историјата и културата, претворајќи ги националните музеи во модни писти.

Колекциите изгледаа фантастично во овие импресивни простори. Учествуваа многу врвни брендови од Кореја и меѓународни дизајнери како што се: Lie, BMuet(te), Painters, Seokwoon Yoon и K POP, фаворитот Beyond Closet и новите таленти. Од првата модна недела одржана во Сеул во 2000 година, корејските дизајнери имаа големо влијание врз глобалниот моден свет, со бројни брендови кои беа придобивани од меѓународните модни куќи на високата мода. Највпечатливите колекции се движеа од формален, прилагоден пандемски и пост-пандемски изглед, до имагинативна улична облека.

Cahiers, на дизајнерот Kim A-young, е бренд инспириран со дизајни што е и убав и е нослив. Ова пред се се однесува на живописните мантили, ватиранте јакни и впечатливите додатоци, што прекрасно се вклопија во просторот на  Паркот за култура, каде што е претставена колекцијата.

Студиото Hanacha им е добро познато на купувачите надвор од Кореа. Наградуваната корејска дизајнерка Hana Cha има магистрирано на London College of Fashion и нејзината дипломска колекција беше прикажана во Victoria and Albert Museum, освојувајќи ја наградата за  „Колекцијата на женска облека на годината“ во 2013 година. Инспирирана од скулптурите и сликите на шпанскиот уметник Joan Miro, таа својата најнова колекција ја претстави во големиот Национален музеј на Кореја. https://www.youtube.com/watch?v=GVVRwk5BkJ4

Beyond Closet, корејскиот бренд за машка облека се појави на модната недела во Сеул есен/зима 2021 со кежуал колекција која направи интересен контраст со уметничките дела во Националниот музеј на модерна и современа уметност (MMCA). Колекцијата е инспирирана од американскиот класичен preppy look, со џемпери, јакни и мантили,  дизајнирани со букви, графичка обработка и во повеќе бои.

Rinjeon, е бренд за женска облека на Jeon Hye-rin кој користи локални занаетчии за изработка на оригинални парчиња, што долго можат да се носат. Одржливоста е целта на Rinjeon и секој модел презентиран на модната недела во Сеул беше и стилски и класичен./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.