Благодарение на Roseberry, Paris Couture Week започна блескаво, обезбедувајќи неспорно екстравагантно деби на најновата колекција на Schiaparelli.

Креативниот директор Daniel Roseberry оваа сезона се навраќа на самото значење на модата како инспирација за неговата соодветно именувана колекција „ Born Again“. Во пригодното обраќање за новата колекција на вели: сите ние кои работиме во модата знаеме дека остатокот од светот мисли дека тоа што го правиме е глупост. Тоа е досадна критика и сите мислиме поинаку но, ако размислите добро, модата на моменти навистина е глупава. Но и провокативна и предизвикувачки значајна. Го одзема здивот, прекрасна е!

Од доаѓањето на Roseberry во модната куќа, во 2019 година, Schiaparelli се врати во првите редови на модата, создавајќи амбициозно елегантни дизајни, оживеани преку допирот на надреалистичкиот интелектуализам.

Потписот на дизајнерот од минатите сезони е видлив и во новата колекција, навестувајки натамошен развој на идеите преставени воглавно во ланската „Matador Couture“.
Во оваа колекција и ‘toe-heels’ е уште еден потсетник за чудниот и единствен каприц на Schiaparelli./М.М.

Претставувањето на „ Born Again“ е на следниов линк:

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.