Во рамките на тековниот Paris Haute Couture Elie Saab ја претстави својата најнова колекција наречена ‘The Beginning of Twilight’, како своевидна ода за зајдисонцето. Маестрото за венчавки, како што го нарекуваат дизајнерот, ја постави Либија на светската мапа преку својата креативност, користејќи етерични бои, пердуви, везови, украси и чипка во својот секогаш и спектакуларен дизајни. Тоа го прави еден од најбараните дизајнери, кој има направено драматичен и впечатлив влез во светот на високата мода.

Ревијата на која е претставена ‘The Beginning of Twilight’ е одржана во време на залез на сонцето, во Carreau du Temple. Сончевите зраци полека се повлекуваа од проѕирните завеси ,истакнувајќи ги силуетите во гламурозни облеки.


„Размислував за тоа како светлината магично се прелева во самрак во розово златна , по зајдисонце и пред вечерта“ ќе изјави Elie Saab преставувајчи ја колекцијата и објаснувајќи го изборот на боите: од нијанси на пламено црвена и полноќно црна, до пудра розова и сина кои се протегаат низ педесетте прикажани модели, меѓу кои се и пригодна машка облека.

Модната куќа ја отвори ревијата со балска тоалета со цик-цак дезен од пердуви со живописни црвено-црни ленти, во комбинација со богато украсен кадифеен горен дел.
Еден од најистакнатите прикажани изгледи беше асиметричниот мал фустан со висечки реси и украсни скапоцени камења, во сина боја.

Ревијата заврши со невестински фустан, со вткаен код на модната куќа: сложен дезен и рачна изработка на уникатни детали, со монисти или скапоцени камења.

Високата мода на Elie Saab за есен-зима 2022 година е потврда за постојаноста на модната куќа во создавањето магични изгледи кои, сосема извесно, бргу ќе го најдат патот до црвениот ќилим./М.М.

Модната ревија е на следниов линк: https://www.eliesaab.com/collections/haute-couture-autumn-winter-2022

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.