Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, – и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА”, се вели во соопштението по повод промоцијата на новата песна и видео запис.
Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка”, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.
Главните креативни умови, за доловување на Сара, како „трансформатор” во видео записот, како и на танчерите Андреј Димовски, Елена Цветановска и Ивана Стојановска, – се многубројни. Фросина Ангеловска стои зад изведбата на шминката, а воедно е и во улога на стилист. За дополнување на визуелната магија, „главни виновници” се и Дарко Петковски од HairHouse за сите фризури, како и Skinfinity за негуваниот изглед и боди шејпинг на Сара.
Видео записот е достапен на YouTube платформата на официјалниот канал на Сара Мејс: