Salvatore Ferragamo

Salvatore Ferragamo

Инспириран од ‘Gattaca’ и од ‘The Matrix’, италијанската модна куќа во најновата колекција AW21 претставува рефлексија на сегашноста низ призма на иднината. – Колекција е со еколошки свесен пристап и порака: доколку модата не започне да размислува за влијанието врз животната средина, можеби нема да има од каде да се врати

Целта беше да се инженерира колекција што ја гледа сегашноста низ призмата на иднината, вели креативниот директор Пол Ендру претставувајќи ја AW21. Со други зборови, гледајќи напред  да размислиме за сегашноста.

Најфутуристичкиот елемент на колекцијата беа еколошки свесните материјали. Во таа насока беше и една порака за иднината: ако модата не започне да размислува за влијанието врз животната средина, можеби нема да има од каде да се врати.

 

Колекцијата е ода за научната фантастика, претставена во четири категории униформи за во 21 век – деловни, воени, вечерни и спортски – замислени како „фосилизирани остатоци од долго заборавено минато“. Како изгледа тоа, според Ферагамо? Првин, како од спектарот на виножито. Основните кожни мантили и палта од напа беа клучен елемент, како и високо струкирани широки панталони, фустани со длабоки пресеци. Повеќето од парчињата се строги, без какви и да е додатоци. За да го постави тонот, долго е работено на видео презентација која беше снимена како виртуелна реалност, исполнета со футуристички градски пејзажи и стаклена пирамида.

Salvatore Ferragamo  е една од најпознатите модни куќи во Италија, со големо искуство и наследство во модата, започнувајќи ја работата како луксузна марка за чевли и облека од кожа, во далечната 1927 година, со седиште во Фиренца. Пол со нетрпение го чекаше времето кога модата ќе се прилагоди на методите на производство кои не се толку штетни за планетата. Така, во колекцијата има фустани од полиестер, изработени од рециклирана пластика, ѓонови од чевли направени од дрво со одговорно потекло, како и рециклирана гума, или, панталони и палта од биоразградлив ПВЦ. /М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.