За да го прослави Денот на вљубените и на љубовта, Dior својот иконски кармин го нарече „Љубов“. Rouge Dior е раскошен кармин, достапен во две многу посакувани нијанси, а ќе го добиете во елегантно брендирано пакување. Сензуалниот кармин со потпис на Dior е во ограничена серија, за вљубениците во брендот, модата и убавината.
Rouge Dior овозможува удобност на усните до 16 часа, правејќи ги блескави и сатенски меки. Целото време усните нема да останат без кармин или да бидат суви, без оглед дали се сатенски или мат кармин. Збогатен со путерот од манго за хидрантните својства, карминот и ревитализира, поради присуството на хијалуронска киселина, а има и ефект на зголемување на површинскиот волумен на усните.
„Ја создадов колекцијата Rouge Dior за секоја жена да има можност да се изрази избирајќи нијанса што ја посакува и за ефект за кој сонува“, изјави Питер Филипс, директор за креативност и шминка на Dior./М.М.