Модниот бренд Rotate од Копенхаген влезе во светот на Web3 со лансирањето на својата прва NFT и дигитална облека. Посетителите на Модната недела во Копенхаген SS23 можеа да го пробаат дигитално изработениот фустан Theresa веднаш по ревијата, додека сите останати тоа можат да го сторат преку линковите поставени на сајтот на Rotate.

Од Rotate објавија дека ќе лансираат цела серија на NFT облека, исклучиво преку дигиталната модна платформа The Dematerialised.
Rotate дигиталниот оддел, наречен уште и „Rotat3“ е создаден во соработка со дигиталниот провајдер Mojomoto и Dematerialised, NFTмодната платфрома. Освен на (NFT), фустанот е и на аугментираната стварност, како и во ограничено физичко издание.

Со партнерство со Dematerialised, веќе афирмираниот пазар за модни NFT, и Mojomoto, кој дизајнира и развива NFT универзуми во модната индустрија, новиот NFT на Rotate гарантира дека купувачите ќе можат да го „пробаат пред да купат“ она што го посакуваат.

Работејќи заедно со Mojomoto и Dematerialised, Rotate создаде фустан што, иако физички неможете да го допрете или почувствувате – ќе има многу купувачи, вели Lars Rahbæk, креативен директор на Mojomoto, објаснувајќи дека со дигиталната облека, модните брендови можат да стигнат до многу поголем пазар, со брзина досега невидена во физичкиот свет. Убеде е и дека во блиска иднина ќе се формираат нови „дигитални модни брендови“ кои ќе создаваат само дигитална облека./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.