Новата колекција на женска облека на Roberto Cavalli за есен/зима 2022-2023 година е дело на дизајнерот Fausto Puglisi. Експресија е на заведувањето, но и на индивидуализмот и на целосна слобода, како што се наведува во белешките за претставувањето.

www.robertocavalli.com
Cavalli за својата колекција подготвена за носење се дефинира преку принтови на животни, во најфини жакардни ткаенини, но и во најкласични тартани, од кои се направени многуте дневни и вечерни наметки.


Мохерот во нијанси на смарагдно зелена, црна и бела, како и новиот тартан на Cavalli на Fausto Puglisi, зрачат со единствена елеганција и сензуалност.


Вечерните фустани се целосно извезени во најдобрите бои во колекцијата: златна, топаз и смарагд.
По претставувањето Fausto Puglisi немаше проблем да ги привлече познатите личности во неговата верзија на Cavalli – тоа се виде на турнејата Marry Me на Jennifer Lopez, а и на деликатното секси изданието на Zendaya, со вечерен фустан од оваа колекција./М.М.

 

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.