По серијата колекцији на долна облека со висока инклузивност на Savage X Fenty, брендот на Rihanna стилот и инклузивноста ги носи и во категоријата на спортска облека – Savage X Fenty Sport. Колекцијата за спортување вклучува дизајни на хеланки, комбинезони, спортски градници и боди кои ги спојуваат инклузивност но и провокативни перформанси.

За да ја претстави новата колекција, Savage X Fenty рализира рекламна кампања во која се појавуваат жени кои изведуваат физички подвизи, како на пример кревање на автомобил.

Модниот дизајнер Adam Selmanќе биде извршен директор за дизајн на проектот. Тој работеше со Rihanna во 2020 година за колекцијата Savage x Fenty за Денот на вљубените.
Зборувајќи за новата палета, Rihanna вели: „Мислиме на спортот како на движење низ животот. Сакам луѓето да се чувствуваат секси, безгрижни и моќни кога ќе ги облечат овие парчиња, а Adam е совршен дизајнер да ја реализира таа визија“.


Првата колекција од оваа линија ќе содржи впечатливи парчиња на облека фокусирани на функционалноста. Нуди големини од XS до 4X, а цените се движат од 39,95 до 109,95 американски долари. Членовите на Xtra VIP ќе добијат претходен пристап на први ноември на официјалната веб-страница на брендот, додека јавното претставување ќе се случи на 9 ноември./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.