Со стивнувањето на пандемијата полека заживуваат модните настани, а се враќаат и ревиите на прекрасните, живописни места, Во пресрет на париската модна недела, на 4. јули, повеќе модни куќи ги преставија своите Resort колекции на егзотични локации. Max Mara, колекцијата за одмор ја престави на впечатлива модна ревија, на островот Ischia, во Италија.
За креативниот директор и авторот на колекцијата “Local Color”, Ian Griffiths, одбраната локација е единствено соодветна и преставува совршен контраст на бои и вистинско опкружување за неутралната палета која дизајнерот ја одбра за својата колекција. Бела, беж и црна се одбрани како средишни елементи за преставување на моделите.
Инспириран од 50-те и 60-те, дизајнерот развива импресии со нови облици и пропорции. Секој модел на пистата изнесе и модни детали – големи ташни и патни торби, покажувајќи ја главната инспирација.
Впечаток остава и цветниот дизајн на островската пелагонија, резервиран за фустаните за кои дизајнерот тврди дека се непретенциозно убави. Лесните туники со ракави и странични отвори, исто така, се совршено усогласени со локалниот дух на самата колекција.
Меѓу поканетите јавни личности од светот на модата но и пошироко, беа и познатите инфлуенсерки Camila Coelho, Caroline Daur i Leonie Hanne./М.М.