Мода вестиМоден мозаик

Reformation: Да се биде гол е најодржлива опција – број 1. Ние сме бр. 2

Познатите преферираат одржлив тексас

Модната индустрија си заработи ужасна репутација како втор најголем загадувач во светот, веднаш по индустријата за гориво. Новата генерација стилисти и брендови се обидуваат да го сменат ова сценарио, инвестирајќи се повеќе во одржливи процеси кои овозможуваат повеќе еколошка мода – и познатите личности веќе го подржуваат овој тренд!


Со забавниот слоган „Да се биде гол е најодржлива опција број 1. Ние сме бр. 2“, Reformation започна со продажба на винтиџ облека во мала продавница во Лос Анџелес, Калифорнија, во 2009 година. Тие брзо се проширија за да произведат свои парчиња. Но секогаш со фокус на одржливоста и со одредена надградена естетика.

Нивните фармерки, направени од органски памук и еколошки влакна Tencel се хит и на познатите личности. Меѓу најпопуларните стилови последниве сезони се илустрации со напата планета, потоа цвеќиња, стрипови и – пчели, заедно со повеќе слогани меѓу кои се: „Опрашуваме, не загадувајте“ и „Водете љубов, не трошете“.

Под влијание на фустанот на Dior со принт од весници, потпишан од John Galliano, Reformation две децении подоцна реши да донесе посвесен пристап кон темата со печат, со наслови како „Пеколот се замрзнува“./М.М.

 

https://www.thereformation.com/

 

You may also like

Comments are closed.