Prada

Локалниот пазар во Шангај избран да помогне луксузен бренд да продава облека

Локалниот пазар во Шангај е местото на новата кампања организирана од познатата италијанска модна куќа Prada. Просторот на целиот пазар е во боите на славниот италијански бренд, како и амбалажата во која се пакуваат купените призводи.

Брендирањето на просторот и на амбалажата е дел од Feels Like Prada рекламна кампања, како потсетување за новата линија облека на брендот, за сезоната есен/зима 2021 година. Модната куќа сака и на ваков начин да соработува со локалните трговци со цел да се добие  „автентично искуство“. Иако ова конкретно поставување на пазарот во Шангај е привремено, италијанскиот бренд е познат по своите потези со храната: пред шест години Prada купи слаткарница во Милано, а големите градови како Токио, Лондон, Рим и Париз наскоро ќе имаат колачи, кафе, а можеби дури и зеленчук со брендот на Prada.

На прашањето за потегот на Prada со храната, дизајнерката Miuccia Prada за Guardian рече: „Сакав да ја направам културата привлечна за младите [за да видат] дека е неопходна во животот… Уметноста е за секого и не е прашање на приватна сопственост “. Потегот со пазарот во Шангај, според мислењето на Prada, е дел од мисијата за демократизација на културата.

Кога се говори за поводите за последната кампања на Prada во Шангај се посочува на wanghong економија. Според пишувањето на SupChina, cе работи за кинески рецепт за поставување на овој огромен пазар. На кинески терминот wanghong се однесува на креатори, претприемачи на социјални медиуми, познати како KOLs (key opinion leaders) и zhubo (showroom hosts), инфлуенсери и познати личности на локално ниво. Во изминатите неколку години, сите најуспешни кинески брендови за потрошувачи – како  HEYTEA, Genki Forest, Perfect Diary и Chicecream – станаа славни со системот на wanghong.

Дали кинеската wanghong економија во случајот на Prada отиде предалеку?

Зен генерацијата во Кина, за која се смета дека ја придвижува и носи потрошувачката е во пораст од 530 милиони луѓе. Можеби се уште неможат да си дозволат чанти Prada, но сигурно можат да си дозволат зеленчук и колачи запакуван во боите и логото на Prada. Можеби токму затоа, а по рецептот на wanghong има смисла, глобалните брендови да го следат примерот на Prada./М.М.

Prada

You may also like

Comments are closed.