Новата соработка и колекција брендовите ја оценуваат како почеток на нешто различно, нешто уникатно – и во модата и во фудбалот!

Италијанската модна куќа Prada и adidas, германскиот бренд за спортска облека, неделава ја промовираа својата заедничка Football колекција на копачки.

Predator Accuracy, Copa Pure и X Crazyfast се повторно замислени преку дизајнерската леќа на Linea Rossa на Prada, што во крајна линија значи поубави материјали, попрецизнаизработка и додавање на сите грандиозни детали што и се очекувават од Prada.

Колекцијата Football на adidas за Prada е направена во ограничено издание и е достапна преку апликацијата adidas CONFIRMED, како и во неколку бутици на Prada.. Дигитална верзија на патиките ќе е достапна и во видео играта FIFA 23 Ultimate Team TM./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.