Pilea е домашно растение кое, според верувањето на кинезите, може да ги подобри финансиите, па затоа таму и го има во многу домови.
Светилката Pilea е дизајн на Џон Јуниор Ким, со која се осветлува просторот, со лампа налик на познатото растение.
Така, ламбата Pilea е инспирирана од растението Pilea – кое инаку потекнува од кинеските региони Сечуан и Јунан. Лампата почива на дрвена основа, со стебла и листови направени според изгледот на билката.
Елементите налик на лисја се поставуваат по случаен редослед, за да го имитираат природниот модел на растението што овозможува деликатна светлина во сите правци.
Има нешто особено убаво во недостатокот на одредена структура на светилката Pilea .
Начинот на кој сијалицата продира низ органскиот дизајн на ламбата, наликува на сончевата светлина што во шумата поминува низ дрвјата./М.М.