Колку често всушност треба да ја миеме косата?

Зошто брендовите за нега на косата се префрлаат во нега на скалпот?
Кој е во право во децениската дебата за тоа кога да се мие косата а одговорите од секојдневно, до најмногу еднаш неделно како да има нема крај!

Пред сè, пред да одлучите кој режим на миење коса е најдобар за вас, треба навистина да го разберете типот на вашата коса. Следните податоци можат да помогнат при утврдување на типот на косата,заштедувајќи ви време и пари, со тоа што ќе се осигурате дека ги купувате вистинските производи и ја миете косата во вистинско време.

„Одвојте момент за да го процените типот на косата како што ја правите вашата кожа. Многумина се разочарани од производите за коса, бидејќи осум од 10 луѓе не го проценуваат правилно типот на косата кога купуваат производи., наведуваат од Harper’s Базар.
Доколку земете едно влакно меѓу прстите и ако не го чуствувате – имате тенка коса; доколку едвај го чуствувате – косата е средна и – ака можете да го почувствувате – имате јака коса.
Погледнете ги поединечните прамени: може да имате „многу“ коса, но сепак може да исгледа срптовно, залепено, или, можеби имате јаки влакна, но не и густа коса.
Земете едно влакно меѓу прстите и истегнете го: ако веднаш се скине, имате ниска еластичност. Доколку влакното може да се растегне до 50 проценти од оригиналната должина, имате висока еластичност и здрава коса.
Доколку имате слаба коса, можеби ќе сакате да погледнете во третмани за зајакнување, а исто така да размислите и дали честото мокрење или четкање по миењето е главната причина за вашите проблеми.
Притоа бидете свесни дека типот на косата никогаш не е константен“, објаснуваат стилистите.
Косата е чувствителна на климатските промени, здравствените и емоционални нарушувања , и може да стане пофина, погруб, помрсна, посува, и помазна во различни фази од животот“.
Значи, можеби ќе треба да ги повторите тестовите секогаш кога се посомневате дека има промена.

На луѓето со фина текстура на косата им се препорачува да ја шампонираат секојдневно“, велат стилистите. „Ова е затоа што луѓето со пофина коса имаат повеќе масни жлезди на скалпот, и затоа нивната коса побрзо станува мрсна“.
„Многу луѓе мислат дека е лошо да ја мијат косата секој ден бидејќи тоа ќе ја исуши, но тоа немора да се случи, доколку се одберат соодветни, квалитетни шампони и регенератори, а косата нежно се суши. Честото користење на топли алатки за сушење и стилизирање ќе има штетно влијание врз состојбата на косата, па се препорачува , сушење на воздух, особено ако останувате дома“.
Еден од најчестите митови за нега на косата е дека не треба да ја миете косата премногу често, велат експертите за коса. „Меѓутоа, од гледна точка на трихолозите, тоа не е точно. Чистотата е клучна за одржување на вашата коса здрава и со избалансиран скалп, а можно е да се измие косата и без да се отстрани нејзиниот природен сјај и да не се загуби еластичноста./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.