Мода вестиМоден мозаик

Pierpaolo Piccioli дизајнер на годината на Fashion Awards

Pierpaolo Piccioli, креативниот директор на Valentino, ја доби наградата на дизајнер на годината на Fashion Awards за 2022 година. „Се чувствувам благодарен затоа што додека победувам, победува мојот тим, победува мојата компанија, победува креативноста, победуваат нашите вредности“, истакна Piccioli на церемонијата на доделувањето, во понеделникот, во лондонскиот Ројал Алберт Хол.

Наградата, добиена со гласови на меѓународниот судиски панел, во кој се над 1000 експерти во модната индустрија, покажа дека Piccioli победил во голема конкуренција со: Jonathan Anderson, за неговиот истоимен ренд и Loewe, Matthieu Blazy за Bottega Veneta и Miuccia Prada. Креативниот директор на Balenciaga, Demna, беше номиниран но, номинација е повлечена, по контроверзите околу рекламните кампањи.

Ова е втор пат Piccioli да ја освојува наградата – за првпат беше нејзин добитник во 2018 година. Меѓу другите добитници беа Bella Hadid, која ја освои наградата за модел на годината и Grace Wales Bonner, која доби награда за Независен британски бренд. Дизајнерот Raf Simons, активистот Sinéad Burke и поранешниот креативен директор на Gucci, Alessandro Michele беа меѓу 15-те личности од модната индустрија, наградени како лидери на промени./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.