Palomo Spain

Alejandro Gómez Palomo, во својата каприциозна есенска колекција наменета за мажите, го докажа своето мајсторство во изработката и техниката, инклузивноста во ставот и задоволството од преиспитувањето, условено од пандемијата

Инклузивната култура на Palomo Spain, изградена врз основа на прилагодување на неговата богато шарена, корсетска, матадорска и фламенго колекција, со сите чипки, со везени костуми  и со обемни сукњи-панталони, е претставена директно од неговата деловна модна локација, непосредно пред Кордоба.

Не само што ја смени среќата на Posadas, туку од тоа направи поширока глобална заедница преку интернетот на луѓе кои сакаат да купуваат „Ние носиме луѓе од цела Европа кои сакаат да работат тука. Како паралелен универзум е она што се случува овде, во нашиот мал моден центар среде никаде. Сега гледам момчиња кои носат фустани во супермаркет, но луѓето таму веќе не се ни шокирани. Затоа што имаме многу поголема слобода во селото отколку што нормално сте имале пред години“, вели Palomo, зборувајќи за околностите и атмосферата во која создава.

Во процесијата околу локалната централа за еко-електрична енергија, беа прикажани сини и розови везени панталони, наметки во стилот на  Cristobal Balenciaga, јакни со квадратни раменици, обложени со Chantilly чипка  и двојна блуза со корсет, марабу матадор капа. Сето ова лебди во некакво романтичното меѓувреме што го сочинува светот на Palomo Spain, за есенва во која палтата се во цветни отпечатоци, шорцевите плетени, а капите за момчиња ги носат жени модели. https://www.palomospain.com/fw21

Тој вели дека неговиот оптимизам е генерирано  последица на паузата предизвикана од пандемијата, во утврдениот моден циклус. „Навистина сум среќен затоа што ни овозможи време да размислиме повторно. Значи, навистина разбравме дека можеби она што го правевме не е деловниот модел за нас. Всушност, со продажбата преку интернет откривме дека можеме да направиме директна продажба за еден месец и тоа е многу полесно, и многу подостапно и за клиентите, ако можат да купат директно од нас!“

Во септември Palomo Spain ќе одбележи пет години работа. Имено, брендот Palomo Spain е создаден во 2015 година, од Alejandro Gómez Palomo, неговиот дизајнер и креативен директор, со етос комбиниран со драматичниот дух на јужниот шпански карактер.

Единствената и контроверзна визија на Alejandro, заедно со неговиот испитувачки карактер и опсесивно внимание на деталите, го привлекоа во центарот на вниманието од самото дипломирање. Всушност, неговата дипломска колекција, насловена како Je t’aime moi non plus, со спој на машки кројачки техники и женски линии, беше пофалена и од јавноста и од печатот, така што се чинеше како природна прогресија да  воспостави сопствен бренд. Филмуваната приказна за Alejandro Gómez Palomo, неговиот бренд, создавањето на колекциите и модните ревии се на:  https://www.palomospain.com/ /M.M.

Palomo Spain

Palomo Spain

 

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...

Comments are closed.