Palermo патиките го прават своето големо враќање во оваа, 2023 година, прославувајќи 45 години од своето создавање. Дел се од иницијативата на PUMA за повторно производство на своите најкултни патики кои оставиле белег на генерациите ширум светот преку спортот, културата и начинот на живот.
Palermo на PUMA се токму такви: оставија силен белег на фудбалот на 1980-те, беа омилени меѓу навивачите на европските стадиони, пред се поради својот безвременски дизајн. Моделот, глобално повторно промовиран од PUMA, веќе е достапен во Бразил.
Класикот на PUMA првично беше лансиран како дел од специјалната серија патики создадени за да им оддадат почит на познатите европски градови, во случајов наглавниот град на италијанскиот остров Сицилија, кој го позајми своето име на Palermo патиките.
Класичниот и препознатлив стил на Palermo, освен што предизвикува чувство на фудбалска носталгија, станува исовршено надополнување на секое парче секојдневна облека.
Со својот спортски изглед и урбаниот став Palermo, според најавата на PUMA, се враќа да го завземе своето место во срцата на ентузијастите./М.М.