Paco Rabanne

Претставувјќи ја колекцијата есен/зима 21-22, Julien Dossena, креативниот директор на модната куќа Paco Rabanne посочи дека „добрата работа во модата е што ние предлагаме облека за следните шест месеци. Значи, се надеваме дека за шест месеци ќе биде голема забава, секој ќе излегува со денови и со ноќи„

Paco Rabanne

Коментирајќи го видео-претставувањето на колекцијата, на кое млади девојки скокаат и се кикотат пред цветни позадини. https://www.youtube.com/watch?v=FkxhKB61LoI тој посочи: „Беше многу забавно да се бавам само со тоа и како девојките уживаа во преставувањето, ослободувајќи ги тие вибрации на вистинско задоволство “.

Paco Rabanne

Она што видеото престави беше дел од многу париски – слики, поврзани со хедонистичката фотографија на францускиот Вог во 70-тите и 80-тите години на минатиот век – и дел од стајлингот на принцезата Дајана.

Paco Rabanne

Максималистичкиот пристап се огледа  во големите бели крагни со остри агли на кадифени фустани и Шетландски џемпери, потоа деколтеата со бордури од тантела и твид палта на англиските лејди, како и во изобилство кристален накит украсени со потписот на Пако Рабан.

Тој вели дека напливот на оптимизам во ателјето „Пако Рабан“ делумно потекнува од животот до 18 часот, до полицискиот час во Париз. „Разговаравме во студиото за тоа како е кога сте сèуште тинејџер, а вашите родители нема да ви дозволат да излегувате навечер – но вие сонувате како ќе биде кога ќе можете да излегувате. Во времето кога ќе можете да се забавувате создавајќи свој идентитет./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.