Модната куќа Oscar de la Renta во својата пред-есенска колекција нуди широк спектар на облека, вклучувајќи фустани за посебни пригоди и бројни модни додатоци. Во белешките на брендот, се истакнуваат вечната елеганција и беспрекорната изработка, вградени во реинтерпретација на наследени концепти и иновативен дизајн.
Kреативните директори Laura Kim i Fernando Garcia користат нови принтови, техники и апстрактни мотиви за да ја претстават современата жена која носи Oscar.
Кројните идеи се претставени изгледите со риги и каро ткаенини; принт со мермерни потези со четка, во форма на невен, се манифестира на структурирани силуети, додека цветен мотив на тантела е осмислен на кожени здолништа и фустани со помош на ласерско сечење.
И во оваа колекција Oscar de la Renta отанува синоним за елеганција, без оглед дали се работи за вечерни тоалети или облека за ден. Користени се разнообразни материјали, како свила, кожа, чипка, како и ручна изработка, со што изгледите добиваат посебна вредност и ексклузивност. Ова особено се однесува на фустаните од чипка, како и на оние изработени од кожени ленти.
Колекцијата е украсена со рози, афион, каранфили и папрати, кои се направени на различни материјали. Oscar de la Renta е шпанец роден во Доминиканската Република, поради што не изненадува што модната куќа користи шпански мотиви, бои и детали./М.М.