Float Foods’ OnlyEg е прогласен за надобар растителен производ на Plant Based Expo на Њујорк, одржан минатата недела. OnlyEg ја освои и наградата за најдобра функционална база на растенија претставена на саемот.

OnlyEg, победникот во категоријата на производи со растително потекло е со вкус и изглед на јајце и може да се користи за омлети, хамбургери, сендвичи … Деталите се на следниот линк: https://www.floatfoods.com/

Float Food е компанија со седиште во Сингапур која веќе 15 години развива вегански производи, на почетокот само за потребите на локалното угостителството, а сега и на пазарите на САД и ЕУ.


OnlyEg е создаден на база на мешунки, со различни компоненти кои се налик на жолчка и белка од јајце, со идентичен вкус и изглед. Производителот тврди дека OnlyEg е првата растителна замена за јајца во Азија.

Компанијата обезбеди 2,2 милиони SGD (околу 1,66 милиони американски долари) во развој на нови производи а минатиот месец, пред саемот во Њујорк, го претстави својот тамагојаки – првиот јапонски омлет создаден врз растителна основа во Азија./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.