Oasis Dawn e новиот цветен парфем за жени на Estée Laude, создаден од парфимерот Carlos Benaim. Парфемот од Estée Laude го опишуваат како магичен мозаик на сетила. Страсно жив – но и создаден за опуштање, Oasis Dawn ќе направи да се изгубите во миризливата убавина.
Во пораката од Estée Lauder се вели дека мирисот што иницира на градини преполни со егзотично овошје, трае до 12 часа. Горните ноти се смоква, лист пименто и туниски цвет од портокал; средните ноти се роза и јасмин самбак; основните ноти се ветивер, пачули и амбреин.
Иновативното тестирање покажува дека доживувањето на Oasis Dawn предизвикува комфорни, опуштени чувства кај оние кои се привлечени од мирисот. Овие научно докажани ефекти се дел од невросензорната студија, нарачана од Estée Lauder, која ги доловува свесните и потсвесните емоционални реакции на мирисот.
Богатите, темни овошни мириси на диви смокви, со примеси на моќниот цвет од портокал и ветивер доловуваат волшебни мириси од далечните места.
Oasis Dawn е интензивен парфем што го одзема здивот. Никогаш не сте се чувствувале толку блиску до дивото срце на природата, посочуваат од Estée Lauder./М.М.