Со ревијата на Ralph Lauren заврши New York Fashion Week, настан посветен на сезоните пролет/лето 2026 година, на кој учествуваа седумдесетина модни куќи и дизајнери.

Модната недела во Њујорк заврши викендов, оставајќи силен впечаток со својата динамика, разновидност и свежина. Настанот беше отворен со ревијата на Helmut Lang, а низ осум дена градот стана центар на глобалната модна сцена. На пистите се претставија повеќе од 70 модни куќи, меѓу кои Ralph Lauren, Michael Kors, Carolina Herrera и Tommy Hilfiger, кои ја потврдија својата водечка улога во светот на стилот. Посебно внимание привлекоа современите пристапи кон класиката и комбинацијата на луксуз со носливост – од минималистички линии и елегантни силуети, до иновативни текстури и неочекувани колоритни акценти.
Со ревијата на Ralph Lauren заврши New York Fashion Week, настан посветен на сезоните пролет/лето 2026 година. Во програмата учествуваа седумдесетина модни куќи и дизајнери, од големи имиња до авангардни поединци.
Отворањето му припадна на Helmut Lang, бренд што секогаш го носи печатот на урбаниот минимализам. Но, вистинските акценти дојдоа подоцна. Michael Kors ги воодушеви критичарите со својата топла палета на земјени бои и едноставни, носливи линии инспирирани од природата, создавајќи слика на луксуз што не е недостижен.
Coach понуди сосема поинаков пристап – мешавина на работничка облека, со фармерки, винтиџ јакни и плетива што се стремат кон „реалност“ во светот на скапата мода. Овој чекор ја отвори дебатата за тоа како луксузните брендови можат да останат автентични и блиски до секојдневието.
Еден од најемоционалните моменти на неделата беше ревијата „Cancer Culture“ на AnaOno, во која на пистата прошетаа жени кои победиле во борбата со карцином на дојка. Настанот покажа дека модата може да биде и платформа за поддршка, солидарност и општествена порака.
Во високата мода, пак, внимание привлече Chopard, кој ја презентираше новата колекција накит „Ice Cube“ во ексклузивен pop-up на 55. кат на One Vanderbilt, во присуство на гости како Ashley Graham и Emily Ratajkowski.
Модната недела не можеше да помине без ѕвездени појавувања на публиката и надвор од пистата. Priyanka Chopra и Nick Jonas беа прогласени за „најмодерен пар на NYFW.
Според виденото, модната пролет и лето 2026 ќе бидат одбележи како враќање кон прочистени форми и долготрајна елеганција, надополнета со силна еколошка и технолошка компонента. Дизајнерите најавуваат уште поголемо користење одржливи материјали, дигитално инспирирани принтови и практични решенија кои ја бришат границата меѓу класичната и уличната мода. Според виденото во Њујорк е модата ќе се движи кон рамнотежа меѓу естетиката и функционалноста, со нагласен фокус на индивидуалноста и културната разновидност./М.М.

You may also like

Comments are closed.