Nike ги претстави Mind 001 и Mind 002 – патики создадени со технологија што ја проучува врската меѓу стапалото и нервниот систем. Новата линија, развиена во соработка со научници кои го истражуваат функционирањето на нервниот систем, користи податоци од мозочни скенови за да го подобри фокусот, смиреноста и психофизичката усогласеност.
Mind 001 и Mind 002 се создадени врз основа на истражувања кои ја проучуваат врската меѓу стимулацијата на стапалото и реакциите на нервниот систем. Развојот на новите проеизводи се одвивал во рамките на новоформираниот Mind Science Department каде што се користат податоци добиени од мозочни и телесни скенови на атлети. Од Nike велат дека ова се нивните први патики „создадени од мозокот надолу, а не од земјата нагоре“.
Од Nike појаснуваат дека секој сегмент од обувките – од портокаловите пена-јазли до флексибилниот внатрешен слој – е обликуван според резултати добиени од снимања кои покажуваат како подножјето влијае врз чувството на присебност, концентрација и телесна стабилност. Се посочува дека и најситните детали се земани предвид при конструирањето за да се обезбедат оптимални стимулации кои нервниот систем ги обработува како јасни тактилни сигнали.
Заедничка карактеристика на двата модела е ѓонот со 22 светло-портокалови пена-јазли што се движат при секој чекор. Нивното микро-поместување создава прецизни тактилни импулси кои, според Nike, ја активираат сензорно-моторната мрежа во мозокот, што доведува до подобар фокус и намалување на менталниот шум.
Од Nike истакнуваат дека новата технологија нуди природно чувство за подлогата – но со многу поголема заштита и стабилност. Nike Mind нуди природна врска со подлогата, но со целосно обезбедена поддршка.
Фудбалерот на Manchester City, Ерлинг Холанд, беше меѓу првите што ги тестираа моделите, кои во продажба ќе пристигнат во јануари. Од Nike додаваат дека резултатите добиени од истражувањата ќе бидат применувани и во идните производи – од обувки што помагаат во смирување пред натпревар до модели за опоравување кои ја поддржуваат менталната ресетираност по интензивни физички активности.
Слики – од сајтот на Nike




















