Париската модна недела (Paris Fashion Week) за машката мода, за сезоните есен-зима 2024/25, започна со познати модни куќи и дизајнерски имиња. Настапот на Olivier Rousteing за Balmain наликуваше на своевидна компилација, токму како и оценките за симболите на оваа колекција – усните и очите. Многумина се смеат на моите усни, коментираше Rousteing пред ревијата, игнорирајќи ги коментарите.

Сепак, според стручните критики, Olivier Rousteing тргнал на смело компилациско патување, собирајќи патем фрагменти од различни дизајнери.
Спектаклот на пистата открива спој и неусогласеност на стилови, со ехо на Moschino на Jeremy Scott, Schiaparelli на Daniel Roseberry и Louis Vuitton на дизајнерот Colm Dillane. Ваквата, според стручњаците вистинска модна мака, води кон прашањетоно – дали Rousteing го загубил својот GPS во светот на модата?
Вечерта беше една од оние во кои модата повторно ги пречекува своите музи: Naomi Campbell се појави на затворањето, покажувајќи уште еднаш дека сè уште е неприкосновена на модната писта.


Иконата на 90-тите, и покрај тоа што не е активна, повремено ги воодушевува со својата појава љубителите на индустријата. Овој пат Campbell, како почесна гостинка го придружуваше својот пријател Olivier Rousteing на затворањето на шоуто. Во чисто машки стил и во склад со колекцијата, Naomi носеше сатенска кошула, панталони со висок струк, палто од кашмир и два додатока: еден вид тиара на лицето и ремен во форма на две раце што држат букет.
Ревијата може да се проследи на следниот линк:

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.