Шпанското дизајнерско студио Nagami го комплетираше ентериерот на Ecoalf – бутикот за одржлива облека, во близина на Мадрид, речиси целосно 3Д испечатен, од рециклирана пластика.
Ѕидовите, полиците и изложбените маси, во бутикот се направени од 3,3 тони пренаменет пластичен отпад кој, воглавно, се добива од болниците и е искористен за создавање на проѕирни површини кои личат на глечери што се топат.
Сакавме да го истакнеме топењето на поларните глечери поради климатските промени, изјави ко-основачот на Nagami, Manuel Jiménez García, за Дезен. Ѕидовите претставуваат глечер што пука, како своевидна сензацијата на тој простор.
Инаку, Nagami е специјализиран за производство на адитиви, а создаваат и пластични панели, со помош на роботска рака, опремена со сопствен екструдер, што може да печати сложени 3Д форми, со цел да ги обедини дизајнот и технологијата, а и да ја подигне свеста за климатската криза.
Сите компоненти што се користат за внатрешноста може да се расклопат и повторно да се користат или рециклираат за идни проекти. Самата пластика може речиси бесконечно да се рециклира, губи само еден процент од своите структурни перформанси со секоја нова употреба, тврди Nagami.
Ecoalf е првата целосно 3D-печатена внатрешност, реализирана од Nagami, a можеби е и прва во светот целосно 3Д-печатена со помош на рециклирана пластика. Проектот е завршен за само три месеци – од проектирање до инсталација.
Компаниите имаат заеднички интерес за одржливо производство, при што Ecoalf создава облека, обувки и додатоци користејќи рециклирани материјали, вклучувајќи пластични шишиња, фрлени рибарски мрежи, користени гуми и постиндустриска волна и памук. Слично на тоа, Nagami работи со рециклирана пластика за да создаде мебел, скулптури, ентериери и архитектонски елементи, како дел од процесот на производство во затворен круг./М.М.