Новиот, неодолив мирис на Juliette has a gun 
Зборови на креаторот:

“После Vanilla Vibes, се пронајдов себеси соочувајќи се со уште еден гигант во парфимеријата: Мошусот.

Нежна, топла и пријатна композиција, со допир на цвет од памук и јасмин. Иако оваа комбинација делува дека треба да биде замаглена и во позадина, токму овде лежи трикот.

Не е особено софистициран или инвентивен, но мириса толку генерично, што сметам дека не може некој да не го сака. Совршен спој на богати и екстравагантни мириси? Можеби…зошто да не…вие кажете ми!

На крајот, јас би го опишал како симпатична, сензуална креација, која потсетува на мирисот на чиста кожа“…Романо Ричи

Удобeн и едноставен, како твоите омилени стари фармерки … соодветен за на работа, како и за кежуал состанок.

Musc Invisible потсетува на нешто добро, лесно, оптимистично и истовремено прекрасно кревко.

Волшебен и носталгичен коктел од пријатни ноти, поставен на свиленкава основа на кремаст мошус.

Совршен спој на тело и душа.

Пробајте, носете го и затоа што ќе бидете меѓу првите што ќе го помирисаат, не двоумете се да ги споделите со нас вашите чувства на социјалните мрежи: @juliettehasagun – #muscinvisible

Горна нота:

Јасмин

Средна нота:

Цвет од памук

Базна нота:

Бел мошус

Сместен во шишенце кое асоцира на мистериозна вода, исто како лицето позади кампањата. Графичко, сребрено сино шишенце, кое го најавува она за што Musk Invisible е наменет. Дискрецијата и едноставноста се апсолутните знаци на Елеганцијата.

You may also like

Comments are closed.