Motivi предлага шопинг терапија со попусти до триесет проценти на нивната пролетна колекција. На електронската продавница на Motivi можат да се видат и порачаат сите снижени модели.
https://www.motivi.com/it/promozioni
Со својата најнова продажна акција, насловена како шопинг терапија, Motivi се потврдува како бренд кој настапува со производи со пристапни цени.
Колекциите се дизајнирани за да ја истакнат елеганцијата и женствноста, за секоја пригода.Така и модниот тренд што се толкува според уникатниот стил на Motivi за пролетва е: женствен и романтичен.
Според Motivi, софистицираниот изглед може да се постигне и со тексас комплети и јакни во пастелни боји, во стилот на 70-тите, кои пролетва се во трендот./М.М.