Својата есенско/зимска колекција Moschino ќе ја престави на 23 февруари, со почеток во 17 часот, на својата интернет страница, како и на социјалните мрежи. Како најава за настанот, направено е и мало потсетување на последната нивна колекција – наменета за пролет/лето 2023 година. Поради, актуелноста на темата, а и поради самата колекција, која беше во врвот на преставеното на миланската модна недела, заслужува особено внимание.

Имено, иако шарена, навидум весела, па дури и несериозна, пролетно/летната колекцијата што ја претстави Jeremy Scott се занимава со сериозна тема – инфлацијата.
Инспириран од кризата во која живееме, дизајнерот објаснува: „Размислував за вестите и сите на глобално ниво зборуваа за инфлацијатата. Трошоците за сè растат: домување, храна, живот. Така ја зедов инфлацијата во колекцијата и направив инфлациона надувана колекција “.


Тој го мислеше тоа буквално, уште со првиот изглед, кога на малиот црн фустан, легендарното срце на Franco Moschino е направено на надувување.
Секој изглед во колекцијата има детал со некој вид на надувување или гумени обрачи за спасување на црните костими. Има и преседан за ваквите лудории. Имено, основачот на куќата има направено елек за спасување за неговата колекција Cruise Me Baby од 1989 година, која многу личеше на елеците складирани под авионските седишта. Следејќи ја таа идеја, Скот додаде прстен за спасување на јакната и на костумот од твид. Објаснувајчи го моделот дизајнерот ќе заклучи: „Понекогаш се чувствуваме како да се давиме“./М.М.

Модното шоу на колекцијата може да се види тука.

You may also like

Comments are closed.