Moisés Nieto

Шпанскиот дизајнер Moisés Nieto со секоја нова колекција е решен да ја спасува суштината на она што е „мода за вистинската жена”. „Јас се фокусирав на естетиката на секојдневието, во орбитата на полезноста и функционалноста “. Тоа се два збора што станаа познати поими за модната индустрија од минатата година. „Имав навистина среќа и покрај ужасните околности. За време на пандемијата, успеавме да ја зголемиме продажбата на Интернет за околу 300% “, рече тој.

Moisés Nieto

Затоа и не изненадува што тој постојано реинтерпретира некои од неговите најпродавани парчиња и во оваа, најнова колекција. Меѓу нив се прекривки и шалови од мохер, изработени во соработка со шпанската занаетчиска марка Ezcaray, како и плисираните здолништа и блејзери кои овој пат пронајдоа нов живот преку тексас. Секако, не обичен тексас: „Ние соработувавме со локална текстилна компанија  Tejidos Royo, кои работат со суво индиго. Оваа нова техника не само што ни овозможува да боиме тексас без вода, туку и го намалува отпадот. Ова е огромен чекор напред, сооглед на тоа што, за обичен пар фармерки се користат 300 литри вода, истакнува Moisés Nieto.
Не се само фармерките дел од одржливоста во оваа колекција. Некои од највпечатливите парчиња се од стари таписерии што Nieto ги најде во продавниците за антиквитети, или ги има наследено од неговата баба. „Бидејќи користиме различна ткаенина за секое парче, секој дизајн е уникатен. Ги имаме овие крути здолништа направени директно од една од таписериите, а имаме и чизми, па дури и чанти, кои се во ограничено издание, од по осум парчиња, бидејќи ги направивме со употреба на остатоци од  претходната колекција “.

Moisés Nieto

Резултатите од последната колекција се впечатливи парчиња, направени со големо внимание на деталите, особено кај комбинезоните и палтата  со двојно лице и постави со контрасти. „Исто така, сакав да експериментирам со соодветноста на облеката, предизвикувајќи ја идејата за наследени парчиња, што беше толку вообичаено по Втората светска војна“, објасни тој. Но, тоа е само инспирација. Мислам дека одиме кон време кога треба да се вратиме на нашето среќно место, повторно да се облечеме и да купиме убави работи. Оптимизам. Тоа е она што сакам да го испорачам “./M.M.

Moisés Nieto

Moisés Nieto

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.