Раскошните тоалети и авангардните концепти на Couture колекцијата на Sohee Park, кореанската дизајнерска со лондонска адреса, потврдуваат дека сопственичката на Miss Sohee станува значаен бренд на специфичниот пазар на високата мода.
Создавајќи за оваа пролет, дизајнерката се навраќа на убавите стари предмети, заборавени и заталкани низ времето, за да им даде нов сјај, но и неочекувана заводливост. Смелите шлицови, проѕирните корсети и фустаните со отворен грб заземаат централно место, надополнети со комбинации на сложено извезени тафт фустани и здолништа од шифон. Украсите од цветови од цреши и магнолии ја откриваат соработката со јужнокорејските занаетчии на Hansan Mosi и нивната уникатна техника на бавно ткаење.
Во белешките за пролетно/летната колекцијата Sohee Park вели дека била инспирирана од своето последно патување во Сеул, како и од потребата да им даде ново значење на заборавените предмети кои последователно се реинтерпретираат преку нејзиниот личен објектив.
Оваа колекција егзистира на пресекот на безвременото и современото, пресликана во проучувањето на женската форма и уметноста на софистицираното заведување. Идеите се вкоренети во корсети, смели шлицови и фустани со отворен грб, притоа поддржувајќи ги традиционалните техники и форми на модата.
Дизајнерскиот наратив зад оваа колекција е споредлив со сликарството на платно; постои леснотија на протокот на презентираните идеи. Геометриските форми на старите плочки, надреалистичките пејзажни слики кои прикажуваат ридови и волшебни полиња со лотос се рефлектираат во здолништата украсени со Swarovski кристали.
Sohee Park својот бренд Miss Soheeго го има основано во Лондон, во 2000 година. Воодушевена од чувството на ескапизам што и го дава цртањето, Park почнала да ги пренесува своите скици во реалниот живот за да создаде блескави колекции со живописни силуети и композиции со везови.
На следниов линк е кус моден филм со изгледите од колекцијата која, освен во Парис, е видена и во Италика, како и во САД.