
Kors потсетува: фантазијата за модата немора да биде совршена за да биде привлечна.
Кампањата на Michael Kors за есенва наоѓа нов ритам во добро познат простор, спојувајќи ја така препознатливата „џет-сет“ префинетост на брендот, со нијансирано чувство на реализам.
Снимена на локација во Рим, од фотографот Лахлан Бејли, кампањата ги претставува како главни протагонисти Суки Вотерхаус и Логан Лерман , внесувајќи „жив“ гламур во класичната естетика на брендот. Со стилско водство на Емануел Алт, поставена во историскиот Гранд Хотел Плаза, го надминува совршенството на високата мода за да истражи поинтимна, културолошки прилагодена приказна.
Според Michael Kors елеганцијата не мора да биде совршена или студиски префинета за да плени. Напротив – автентичноста, спонтаноста и малите несавршености ја прават фантазијата и попривлечна и поблиска на современата публика.
Видеото од кампањата ја продлабочува оваа перспектива. Вотерхаус внесува драмска енергија во своите сцени во хотелската соба, во ритамот на прилагодената верзија на песната „All She Wants to Do Is Dance“ на Дон Хенли, пред да замине на мотор низ улиците на Рим.
Како дел од серијалот „Hotel Stories“ на Корс, Grand Hotel Plaza дополнително ја поврзува кампањата со традицијата на кинематографијата. Врската на хотелот со историјата на филмот и на модата ја збогатува приказната, иако таа е повеќеслојна, а ликовите – иако беспрекорно облечени – делуваат автентично. Така, Michael Kors со Fall 2025 не се откажува од препознатливиот луксуз на брендот, иако покажува поопуштена, емоционално нијансирана интерпретација./М.М.