
За американскиот креатор Michael Kors вистинската леснотија на дизајност – вистинскиот гламур – не е нешто што треба да се брка, туку е нешто што се поседува. Овојпат, со колекција што го отелотворува laissez-faire ставот на жителите на Њујорк, Kors уште еднаш редефинира што значи да се биде модерен, елегантен и неспорно Американец.
На модната недела во Њујорк (New York Fashion Week) Michael Kors ја претстави својата колекција за есен/зима 2025-2026 година насловена како Great New Yorker and the Art of Dégagé Couture. Колекцијата прикажува едноставна елеганција, базирана на ненаметливиот шик на Њујорк, кој е инспирација за креациите кои комбинираат удобност и софистицираност. Kors се огради од европските влијанија, нагласувајќи дека Њујорк го диктира модниот стил.
Според Michael Kors не се работи за некакво носталгично признание на стилот на Менхетен. Тоа е едноставно повторна потврда на нејзината доминација. Да. Зошто би ја бркале Европа? Одговорот, се разбира, е дека не би, вели Michael Kors.
Асиметричните силуети и богатите набори носат движење и флуидност, додека вечерните тоалети со сјајни детали нудат „опулентен минимализам“ – гламур без стрес или ригидност. Со овој дизајн, Kors уште еднаш ја докажа својата посветеност на луксузот кој не ја жртвува удобноста туку, спротивно, го обединува високиот стил со леснотијата што е карактеристична за вистинските њујорчани.
Насловот на колекцијата – Great New Yorker and the Art of Dégagé Couture ги истакнува двете клучни тематски компоненти на колекцијата: прослава на стилот на Њујорк и реинтерпретација на француската естетика “dégagé” низ американска призма.
Колекцијата се темели на идејата за „ненаметлива елеганција“, на која Kors го гради својот препознатлив стил. Dégagé е француски термин кој означува леснотија и релаксација во стил, без напор, а Kors ја примени оваа филозофија на сопствената визија за американската елеганција. Дополнително, теминот Great New Yorker” ја нагласува силата и карактерот на жената која ги носи креациите на Kors – жена која едновремено е елегантна, софистицирана и целосно самосвесна, но која никогаш не се откажува од удобноста.
Колекција ја потврдува посветеноста на Kors за редефинирање на американскиот луксуз, останувајќи верен на темелите кои ја слават едноставноста, динамиката и удобноста, истовремено препознавајќи ја силата што доаѓа со лежерниот, но софистициран изглед./M.M.