Michael Jordan, НБА легендата за кого Nike ги создаде оригиналните Air Jordans во 1984 година, се врати на теренот во новата кампања насловена Beyond.

Според описот на YouTube кампањата има за цел да шири радост и надеж за „иднина по која копнееме “. Во спотот со кој е претставена кампањата, на групата млади собрани на затворено кошаркарско игралиште во Париз, ненадејно им се приклучува кошаркарскиот идол.
Верувајте во себе за се да биде можно е пораката што Michael Jordan им ја упатува на младите на кошаркарското игралиште но и на оние надвор од него – во Beyond!


Поминаа 39 години откако Michael Jordan за својот прв претсезонски натпревар во НБА и покај строгите правила ги облече своите нови Nike Air Jordans патики, покажувајќи и тогаш – и сега во Beyond – дека првиот чекор за да се лета е да се верува дека тоа е можно. /М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.