Се случи Met Gala 2023 – долго очекуваниот моден настан, традиционално одржуван во Метрополитен музејот на уметноста (Metropolitan Museum of Art), во Њујорк. Годинава и настанот и изложбатата се посветени на Karl Lagerfeld – покојниот дизајнер кој раководеше со Chanel, Fendi, како и со неговата истоимена модна линија. Собраните средства се наменети за Институтот за костими Мет (The Met’s Costume Institute).
Најголемо внимание, како и секоја година, привлече спектаклот на црвениот ќилим, исполнет со гостите који се движат по познатите скали на Met. На крајот на краиштата, Met Gala – честопати наречен и “Super Bowl of fashion” –има создадено некои од највиралните изгледи на познатите личности.
Трета година по ред, Vogue е домаќин на официјалниот директен пренос на црвениот ќилим на Met Gala, на сите страници на Vogue, како и на: YouTube, Instagram, Facebook и на Twitter.
Водител на преносот беше актерот и продуцент La La Anthony, со писателот Derek Blasberg и Chloe Fineman од Saturday Night Live. Emma Chamberlain е специјален известувач на Voguе, а копретседатели на настанот беа: Michaela Coel, Penélope Cruz, Roger Federer и Anna Wintour.
Тука, се дел од изгледите који ги престави Vogue и који, според нив, привлекоа внимание на годинешниот Met Gala 2023./М.М.