Mercedes-AMG станува уметност во рацете на MSCHF – автомобилските делови добиваат нов живот како авангарден мебел во провокативната изложба Not for Automotive Use

МШФ (MSCHF) и Mercedes-AMG организираа заедничка изложба на уникатен мебел создаден од автомобилски делови. Уметничкиот и дизајнерски колектив на MSCHF ја претстави својата најнова колекција Not for Automotive Use, изработена од оригинални автомобилски делови од возила на Mercedes-AMG, на изложба во рамки на фестивалот NYCxDesign. Изложбата беше отворена од 15 до 17 мај во студиото на MSCHF во Бруклин.
Колекцијата опфаќа единаесет парчиња мебел, облека и модни додатоци, вклучително и освежувач за воздух. Делата се инспирирани од посетата на тимот на MSCHF на седиштето на AMG во Афтелбах, Германија, каде што разгледувале демонтирани автомобили. Исто така, како влијание се наведува и миланскиот дизајнер Акиле Кастилиони, познат по интеграцијата на секојдневни предмети во своите дела.
Проектот го започнавме пред околу една година, а првите дизајнерски експерименти произлегоа од поглед кон куп автомобилски делови- изјави Кевин Вајснер, ко-креативен директор на MSCHF. Сакавме рамнотежа меѓу различни типови мебел, но и да ги задржиме оние физички интеракции кои најмногу нè забавуваа додека игравме со деловите.“
Меѓу највпечатливите експонати се двосед со вградени предни светла во потпирачите за раце, триаголна подна лампа со сигурносен појас кој се закопчува за да се вклучи светлото, столица составена од три потпирачи за глава поврзани со жолти цевки и етажерка со затегнати сигурносни појаси. Посебно внимание привлече и функционалниот скара-грил изработен од автомобилска решетка, со големо лого на Mercedes во центарот.
Делови во колекцијата се нови и набавени од официјални добавувачи на AMG, а проектот има за цел да ја истражи контекстуализацијата и прекумерната употреба на објектите, без да се фокусира на нивната рециклажа во буквална смисла.
Ова е првпат MSCHF да го отвори своето студио во Greenpoint за јавноста од неговото основање во 2019 година. Студиото е познато и по претходни соработки, како онаа со Crocs за изработка на препознатливите големи жолти чизми и по контроверзната интервенција врз популарната фотелја Pratone на италијанската компанија Gufram.
Изложбата претставува значаен спој на автомобилска технологија и современ дизајн, каде секој објект е резултат на креативна игра и функционална трансформација.
Фотографии: MSCHF

You may also like

Comments are closed.