Новите патики на бразилскиот производител Veja – се направени од шеќерна трска и пластични шишиња
Овие патики, како и остатокот од колекцијата, ги следат новите практики на одржливост, со 62 проценти био-базирани и рециклирани материјали.
Патиките се создадени од 65 проценти био-базирана гумена влошка, направена од амазонска гума и отпад од ориз; плетениот горен дел и поставата се од рециклирани пластични шишиња, а средната влошка е од 60 проценти шеќерна трска. Освен одржливоста во производството, направени се и други новини: повеќенасочните флексибилни жлебови ја подобруваат работата на нозете и се наменет за трчање по тврдо тло, како асфалт.
„Научивме толку многу во однос на материјалите, како и во однос на технологијата“, посочува на промоцијата Sébastien Kopp, ко-основач на компанијата. „Се менува целата линија на Veja така што обувките се сега и полесни и поудобни“.M.M.