По 50 години поминати во светот на дизајнот – Margaret Howell и во својата јубилејна, овој пат пролетна колекција, останува доследна на себе, што подразбира колекција идеална за ковид време и колекција во која удобноста е основната премиса. Така, доколку треба да се одбира кој ја поседува идеалната колекција за време во пандемијата – тоа е Margaret Howell. Тоа е нејзин свет – на утилитарна удобност за жени и мажи, поставена со совршено чувство за економичност, преточено во пролетни парчиња и комплети.
Коментирајќи ја колекцијата, дизајнерката посочува дека понудените модели не изгледаат многу поразлично од нејзината претходната или која било друга колекција. Тоа е, всушност, суштественото за убавината на она што таа го прави: нејзината концентрација да прави облека што постојано се вклопува во позадината на нејзиното искуство, стоички дозволувајќи и на модата да поминува покрај неа. Сепак, нејзините модели имaат и една тотално современа идеја: облеките се главно без пол.
Така, ете, и пролетва, гардеробата на Margaret Howell е за луѓето кои, веројатно, работат од дома, живеат низ локален шопинг и пазари, понекогаш прават осамени прошетки… Kолкумина од нас ќе се идентификуваат со тоа токму сега?/M.M.