Chanel

Снимена во јуни минатата година, крузер колекцијата на Chanel 2020/21, ги претстави надежите на авторите за летување во ова лето – 2021, за сонце, море и плажа… Но, како што објаснува дизајнерот Virginie Viard, никој не сака да замислува што и како нештата би можеле да бидат. Затоа, да не сликаме колку волшебно би изгледала колекција за крстарења на Chanel, во Капри, направено е виртуелно претставување, во 51 слика, од италијанската ривиера.

Една година подоцна, сега во мај, промовиран е модниот филм на Virginie Viard, за крузер колекцијата на Chanel за 2021/22 , снимен меѓу белите варовнички пространства на Carrières de Lumières, поранешен каменолом во селото Les Baux-de-Provence, на југот на Франција.

За претставувањето на крусер колекцијата 2020/21 и за оваа 2021/22 на сајтот на модната куќа, објавена е истата изјава Virginie Viard.  „Првично го имав на ум Капри, каде требаше да се одржи ревијата, но тоа не се случи, поради локдаунот и затоа, моравме да се прилагодиме: не само што решивме да користиме ткаенини што веќе ги имавме, но колекцијата, генерално, еволуираше кон патување околу Медитеранот… Островите, мирисот на еукалиптусот, розовите нијанси на бугенвилата – сето што би сакале да го видиме.

Лани претставената колекција за крстарењата во ова лето и онаа, што, освен за ова лето, ќе биде предлог и за наредното, се приказ и одраз на сето она што во врска со пандемијата ни се случува, како и на она што го посакуваме.

Имено, додека Chanel Cruise 2021, како предлог за годинава, е полна со надеж, со весели, смели комбинации за дневни прошетки и долги летни ноќни доживувања, толку Chanel Cruise за 2021 што сега ја гледаме е воздржана, закопчана и, безмалу без облека за плажа.

Можеби затоа е подобро двете претстави да се стопат во единствено видување и предлог на крузер колекцијата на Chanel за 2021 година. Од тој аспект, идејата за користење на легендарните актерки од 60-тите години на одмор, како почетна точка за приморскиот сон на Chanel, а можеби и на Virginie Viard, е најдобриот до сега./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.