Модната куќа Mansur Gavriel се подготвува за потоплите денови со новата минималистичка колекција на чевли и чанти во прекрасни пастелни тонови наменети за сезоната пролет/лето 2021 година.
Колекцијата нуди повеќе опции – од тенки, квадратни потпетица до сосема рамни обувки, идеална за долги прошетки низ градот. Минималистичките стилови се нудат и за чантите и тоа исто така во пастелни бои, но, доколку посуптилните нијанси се ваш општ избор, понудени се црна, бела и беж.
https://www.mansurgavriel.com/collections/new-arrivals
Основана во 2012 година, модната куќа Mansur Gavriel го редефинира луксузот, преку препознатлив пристап кон бојата и формата. Родени од страста кон уметноста и дизајнот, Rachel Mansur и Floriana Gavriel создадоа две едноставни и иконски силуети – лансирање на чевли и торби. Брендот е изграден како одраз на индивидуалноста со модерни чанти и чевли направени од исклучителни материјали./М.М.