Manolo Blahniks прославува јубилеј – 50 години во светот на модата со посебна „златна„ капсула колекција (Gold Capsule Collection). Откако започна со дизајнирањето, во 1971 година, тој го постави т.н. златен стандард – и сега ја одбележува својата полувековна кариера со златна колекција што е одраз на неговите класични силуети, но има и нови инспирации, како чизми со повеќе нивоа реси, потоа сандали од рачно ткаени макраме и со ѕвона (инспирирани од нараквицата на мајката на Blahniks, со четири ѕвона, што ги претставуваат членовите на нивното семејство).

За чевлите на прочуениот дизајнер се вели дека се безвременски – дека се секогаш модерни и неверојатно удобни, иако најчесто со високи потпетици. Оние кои ги носат истакнуваат дека и чевлите од деведесетите на Manolos можат денес да се носат и да ги воодушевуваат своите сопственици со удобноста и сите останати со врвниот дизајн.

Инсталацијата за виртуелна реалност Manolo Blahnik: A New Way of Walking ја следи кариерата на познатиот дизајнер и ја претставува новата јубилејна колекција./М.М. https://www.thearchives.manoloblahnik.com/

You may also like

Comments are closed.