Секоја сезона колекцијата на Manolo Blahnik е негово ново патување низ време, уметност и предели. Инспирацијата добиена во уметноста, архитектура, природниот пејзаж, или, во некој од неговите омилени градови низ целиот свет се претвора во чевел, папуча или сандала со приказна.
Најновата колекција на сатенски сандали и папучи со цветови е намената за летниве топли денови и ноќи.
https://www.manoloblahnik.com/gb/women/edits/newcollection.html
Занаетчиството има и секогаш ќе биде во срцето на модната куќа. Маноло продолжува да ги поддржува креаторите низ целиот свет, со цел да ги негуваат и одржуваат традиционалните уметности. Оваа сезона тој работеше со занаетчиите од Индија за да создаде современа интерпретација на традиционалните ткаени и излитени техники.
Другата пак приказна што сега се врти низ медиумите е далеку од описот од претставувањето и се однесува на продолжението на серијата на HBO Max, Sex and the City, насловено како And Just Like That. Брендот Manolo Blahnik се спомнува во дебатите за издржаноста на насловниот лик – Кети Бредшо, како жена која е на работ на финансиската пропаст, но со Manolo Blahnik колекција сандали вредни 40.000 долари./М.М.