Mambacita, прекарот на Gigi, ќерката на Kobe Bryant, која заедно со него загина во сообраќајната несреќа, е името на брендот на семејството на Брајан, промовирано на први мај, нејзиниот недочекан 15-ти роденден.
Собирањето средства стана многу повеќе од собирање средства за фондацијата, затоа што стана движење, велат од спортската фондација Mamba & Mambacita, каде што одат средствата од продажбата. Движење што е најважно за духот на Gigi: таа беше улитативен тимски играч и секогаш правеше сите околу неа да се чувствуваат важни. Знам дека ќе биде горда на целата тимска работа што ја започна прибирањето на средства за време на нејзиниот роденден и знам дека таа блеснува со гордост знаејќи колку нејзиниот дух инспирираше универзална љубезност и сочувство и како продолжува да зближува толку многу луѓе.
Колекцијата е веднаш распродадена: – повеќето НБА ѕвезди и тимови, вклучувјќи го и тимот на ЛА Лејкерс, купија дел од производите на колекцијата, како поддршка на семејството на Bryant и на нивната фондација.
Имено, приходот од колекцијата оди во спортската фондација Mamba & Mambacita – за поддршка на младите спортиски, основана во спомен на славниот татко и неговата ќерка, Kobe and Gianna ”Gigi” Bryant./М.М. https://mambaandmambacita.org/